Пожарникари-Струмица:
Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период (жолта алертна фаза) зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор.
ТППЕ Струмица апелира до локалното население да се воздржи од палење плевел и други растителни отпадоци како и земјоделски отпад.
Граѓаните одговорно да се однесуваат со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.
ТППЕ Струмица е подготвена во секое време да делува со своите материјално-технички и човечки ресурси.