strumica denes logo

АНКЕТА: ПОСКАПЕН ЛИ Е ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ВО СТРУМИЦА?

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Во време кога се движиме кон европеизација на нашите секојдневија, необходно е да се постави прашањето дали буџетите на македонските семејства исто така се европски.

Животниот стандард несомнено се определува на крајот од месецот, кога трошоците на семејството би требало да бидат помали од неговите примиња, за на крај да се донесе заклучок дека се исполнети условите за еден достоинствен живот.

Колку денари му е потребно на едно семејство во Струмица да ја наполни кошничката во супермаркет? Дали животните трошоци, вклучително и цените на продуктите растат? Дали растењето на цените е проследено со парарелно растење на примањата? Исполнети ли се условите за достоинствен живот во нашево поднебје?