На денешната свечена церемонија која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија Зоран Заев и Република Грција Алексис Ципрас беа официјално промовирани за кандидати за Нобеловата награда за мир за 2019.
Промоцијата ја изврши добитничката за Нобелова награда за мир за 2015 – Уидед Бушамауи од Тунис.Во нејзината свечена реч таа истакна дека е почестена што ги номинира Заев и Ципрас.