strumica denes logo

„Комуналец“ набави дробилка за отпадна дрвна маса за нејзина повеќенаменска употреба

Автор:

Датум:

септември 18, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 18, 2018

Категории:

Култура

Дрвната отпадна маса која што јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја добиваше преку режење на дрворедите и уредувањето на јавните површини, повеќе нема неискористена да завршува на депониите. Претпријатието набави машина – дробилка со која се овозможува повеќенаменска употреба на отпадната дрвна маса.

-Со набавката на оваа машина потврдуваме дека сме претпријатие кое што се грижи и учествува во искористувањето на отпадната дрвна маса. Досега оваа отпадна дрвна маса завршуваше на депонијата која што ја имаме и не беше искористена, а сега со оваа машина имаме повеќе начини за нејзино искористување. Дел од неа ќе се користи за нашите жардинерии и зелени површини, а сме во преговори за партнерство со одредени компании кои што произведуваат пелети, па дел од таа дрвна маса да се дава на нив, што значи комуналното претпријатие влегува во еден процес на искористување на сите ресурси кои што досега нерационално ги користевме. Имаме податок дека има околу 40 илјади метри кубни дрвна отпадна маса на ниво на Република Македонија и во делот на шумските стопанства и во делот на комуналните претпријатија, а околу 10 илјади метри кубни се на јавните комунални претпријатија кои што се добиваат преку режење на дрвореди и уредување на јавни површини и секоја години се фрлаат на депониите. Ова е еден пример преку кој како јавно претпријатие влегуваме во тој процес на искористување на дрвната отпадна маса од наша страна, но и на одредени компании на кои што ќе им го даваме како суровина за понатамошна преработка, рече директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев.