„И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, и им рече: ’Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе‘. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него“ (Матеј 4, 18–19).
Не треба да врвиме по Христос затоа што ни ветува дека ќе нè направи „ловци на луѓе“. Иако „ловците“ се најпотребни денес, тоа не би требало да биде причина за врвење по Христос – затоа што тоа не е однесување на децата Божји, туку затоа што Он прв и Единствен нè возљуби. Заслужува да оставиме сè, пред сè, својата гордост, и да тргнеме по Него без никакво ветување и без оглед колку ќе нè чини тоа.
Кој може да биде „ловец на луѓе“?
„Ловец на луѓе“ може да се нарече само човек со омолитвено просветлен ум, човек со слово што извира од неговото очистено срце и кое допира до длабочината на срцето на ближниот, и човек со присуство во силата на Преобразувањето. Во негово присуство страстите се парализираат, демонот бега далеку, а неговото слово внесува несоздадена светлина, сила и надеж во срцето на ближниот.
Но, и кога „ловецот“ ќе се оддалечи од својот ближен, и кога страста повторно ќе живне во ближниот, и кога демонот повторно ќе се врати, тој не го остава сам. Тој со молитвата во своето срце ги одржува светлината, силата и надежта, односно семето на словото што го посеал во срцето на својот ближен; семето, кое во содејство со слободната волја на оној во кој е посеано и со помош на благодатта на Светиот Дух може да изрти, да порасне и да донесе плод – ослободување на срцето од страстите.
Главна овоземна цел на „ловецот“ е да создаде нови ловци, по тоа се гледа и неговата способност, а не луѓето да ги третира како улов со кој постојано ќе се краси.
Наравоучение: немој да останеш улов, стани ловец. Сѐ додека си улов, може да те улови и демонот.
Пресвета Богородице, спаси нѐ!
Според податоците од Институтот за јавно здравје за 2023 година, Струмица се истакнува со загрижувачки здравствени показатели кај деца и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе во црквата Св. Спас на гробот на македонскиот идеолог Гоце Делчев. -Тоа што го…
Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија. Се појави листата на луѓе кои треба да бидат…
Претстојниот месец, февруари, нема неработни денови. Следниот неработен ден за сите граѓани, ќе биде во април. Рамазан Бајрам ќе биде…
Мнозинството граѓани се против влезот на Република Македонија во Европската унија ако услов за тоа се промена на јазикот и…
Да се биде пилот е предизвик, вели воениот пилот Никола Силигунис, кој веќе 9 години лета со хеликоптери Ми-8 и…