Во текот на денешниот петочен ден територијата на нашата држава ќе започне да подпаѓа под влијание на циклонот Луцијан па така ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец, пишува во прогнозата на „Метеомакс”
Времето ќе биде стабилно, многу топло и спарно се до доцна попладне кога атмосферата ќе се дестабилизира и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места ќе продолжи и утре (сабота) кога повторно ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ.
Температурите на воздухот нема премногу да се менуваат и ќе останат многу високи и летни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштита а додека трае невремето и електричните презнења препорачуваме домаќинствата да ги исклучуваат сите уреди во домот