На својот ФБ профил , премиерот Зоран Заев, објави дека вчера во Струмица, во гимназијата ,,Јане Сандански“,повторно седнале во училишните клупи:
,,Денеска бев со своите соученици и професори од струмичката гимназија. После 25 години, повторно во средношколските клупи, со другарите од генерацијата 1989-1993 година и со класната раководителка Билјана Витанова го одржавме класниот час по повод јубилејот од матурирањето.
Секој од нас тргна по сопствени животни патеки, а духот на заедништвото и другарството во четирите години поминати заедно, повторно не споија и ни ги вратија спомените кои никогаш нема да се заборават“-напиша Заев.