По десет години фасадата на објектот на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица го врати стариот изглед.
Според директорот на НУЦК „Антон Панов“, Ванчо Ристов Патриков, по истекот на договорот со познатиот пивски бренд, но и поради барањата и критиките на уметниците и граѓаните, одлучиле да го симнат рекламното пано и установата да го врати својот првобитен изглед.
Имено, една деценија предниот дел од фасадата и дел од покривот на оваа национална културна установа беа покриени со големо рекламно пано на еден познат пивски бренд.
Во одреден период, посебно за избори кампањи, овој дел од Домот на културата се користеше и како рекламно пано за поставувување големи постери на политичари.
ИЗВОР: А1ОН.МК