Сообраќајот на делницата помеѓу Струмица и Валандово во иднина ќе се одвива многу полесно. Јавното претпријатие за државни патишта целосно ја заврши рехабилитацијата на спорните ленти на Валандовско брдо кое претставува и еден од најкритичните и најфрекфентни делови од регионалниот пат што ги поврзува Струмица и Валандово. Проширувањето е во должина од 1156 метри со широчина од три метри. Инвестиција е 11, 4 милиони денари обезбедена од сопствениот буџет на претпријатието. Од јавното претпријатие велат дека со рехабилитацијата на овие делови се добива еден вид трета лента пред се за товарните возила, но и поголема безбедност во сообраќајот. Истовремено веќе се размислува и ново сообраќајно решение.
,, Веќе Валандовско брдо ќе има како испомош за товарниот сообраќај дополнителни ленти по кои ќе може да отстапуваат пат тешките возила и тие побавните за другите да може да поминат бидејќи знаете колку е тешко да се оди во колона по тој пат. Тој е веќе премногу оптеретен исто така и делницата од Костурино кон Струмица е навистина прмногу оптеретена и ние во јавното претпријатие за државни патишта, во министерството за транспорт и врски и во владата размислуваме како да излеземе на крај со тоа. Значи веќе е даден така да кажам во проектна програма, влезено е проектирање на еден вид ново валандовско брдо каде што овој постоечкиот пат, сегашниот ќе биде само за спуштање, а друг ќе се граи за качување.,, вели Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта
Освен на Валандовско брдо, од јавното претпријатие за државни патишта ново сообраќајнио решение најавуваат и за дел од магистралниот кој води кон границата со Бугарија, односно делот што ги поврзува Струмица и селото Дабиле. Мерењата покажале дека овој дел од патот во одредени денови е повеќе оптеретен и од патот Скопје – Тетово. За надминување на проблемот се подготвува нов проект кој предвидува делницата од околу три километри да биде со два кружни тека и четири ленти.