strumica denes logo

Книжните десетденарки и педесетденарки од вторник заминуваат во историјата!

Автор:

Датум:

мај 14, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 14, 2018

Категории:

Култура

Се повлекуваат книжните десетденарки и педесетденарки од промет. Од вторник граѓаните ќе можат да ги користат новите полимерни банкноти со оваа вредност или монетите. Книжните ќе може во рок од една година да се заменат во комерцијалните банки. По овој датум, замената ќе се врши исклучиво во Народна банка на Република Македонија. Во Македонија првпат се воведуваат полимерни банкноти.

Со тоа, како што посочуваа од Народната банка на Република Македонија, нашата држава ќе биде на мапата на државите чија централна банка има почнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, кои се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.