strumica denes logo

СЛАВЧО ПОПОСКИ: ОБЛАЧНА МАСА ПОМИНУВА НАД ДРЖАВАВА – ПОПЛАДНЕ РАЗВОЈ НА НЕСТАБИЛНОСТ!

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Култура

За разлика од изминатите денови во текот на денешниот понеделнички ден ќе имаме значително повеќе облаци над Македонското небо.

Оваа облачност може да донесе послаб локален дожд особено на југот и истокот од државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во попладневните часови особено на запад и североисток ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а можни се и нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со електрични празнења и услови за редок град.

Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на мал пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.