Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска ги додели наградите од изборот за најдобар ученик по струки од завршните години –„Лидер“ од средните стручни училишта во Република Македонија во оваа учебна година.
Годинашни добитници на наградите се Тијана Крстевска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје (економско-правна и трговска струка), Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“ од Скопје (лични услуги), Никола Стоименов од ССОУ „Коле Неделковски“ Велес (електротехничка струка), Ребека Колевска од СОУ „Димитар Влахов“- Струмица (хемиско – технолошка стрка), Стефан Делев од СОУ „Никола Карев“-Струмица (машинска струка), Антонио Тренески од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид (сообраќајна струка), Камелија Илиева од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе (земјоделско- ветеринарна струка) и Кристијан Стоимов од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип (угостителско – туристичка струка).