strumica denes logo

САНИРАЊЕТО НА УДАРНИТЕ ДУПКИ ВО СТРУМИЦА ВО ЗАВРШНА ФАЗА!

Автор:

Датум:

април 26, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 26, 2018

Категории:

Струмица

Согласно програмата за „крпење“ на ударни дупки за 2017 г., денес привршуваат работите за санација на ударни дупки на неколку делови од градот. Според информацијата од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, во текот на денешниот ден се изведуваат завршните работи за „крпење“ на ударните дупки во централното градско подрачје, и тоа на булеварот „Ленинова“, кружниот тек кој ги поврзува булеварот „Гоце Делчев“ и улуцата „Младинска„ , кружниот тек кој ги поврзува улицата „Крушевска Република“ со улицата „Маршал Тито“, како и делници од улицата „Крушевска Република“. Во завршна фаза е и санацијата на ударните дупки на периферијата на градот, и тоа на улицата „Ристоман Попчевски“ што води кон спојот со улицата „Бетовенова„, како и на „Просенички пат“ и на други локации. Од Одделението за комунални работи апелираат до граѓаните за трпение и разбирање за оние ударни дупки кои не се опфатени со споменатата Програма, и информираат дека истите ќе бидат санирани во наредниот период.