Ване Костуранов (1979, Струмица) е ликовен уметник и графички дизајнер. Иако е самоук сликар, досега има одржано 11 самостојни, а учествувано во повеќе групни изложби во изминатите 15-тина години. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Препознатлив е по неговите разнобојни куќи претставени на различни начини, кои се и најчестиот мотив што се провлекува низ неговото творештво. „Ѕвездено дете“ е негова прва сликовница и е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Целосното интервју може да го погледнете на следниот ЛИНК