ДЕМАНТ НА НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ-СТРУМИЦА!

април 17, 2018

По повод објавената информација од страна на порталот „Струмица денес“ за „трошење“ на 17.000 евра од страна на НУ Завод и музеј- Струмица за привремено вработување на 6 лица, за што претходно не е побарано изјава од споменатата установа, во интерес на целосното и вистинито информирање на јавноста сметаме дека е потребно и НУ Завод и музеј-Струмица да даде известување :

НУ Завод и музеј- Струмица објави оглас за привремено вработување на шест лица со високо образование за период од 4 месеци за што се обезбедени финансиски средства од Буџетот на РМ. Средствата, околу 700.000 денари, според објавениот оглас, се однесуваат за плати и придонеси на ангажираните лица. Остатокот е за провизија за услугата.  Во образложение на информацијата укажуваме на следното:

Во периодот од 2011-2018 година во НУ Завод и музеј- Струмица се вработени само три лица. Паралелно се одвиваше природен одлив на кадар по основ на пензионирање  и друго, што за истиот период заклучно со 2018 година ќе достигне вкупно 8 лица со прекинат договор за вработување (само во 2018 година во пензија заминуваат 4 стручни кадри- носители на дејноста). Од причина што нашата институција  е регионален центар за заштита на културното наследство со надлежност во десет општини, НУ Завод и музеј- Струмица преку привремениот ангажман на 6 лица за период од 4 месеци, се труди да обезбеди минимум услови за нормално функционирање и обавување на својата дејност.

Нашето барање за вработување на определено време заедно со образложението е прифатено од Министеството за финансии како оправдано со што се обезбедени средства за плати и придонеси на ангажираните лица во определениот период.

НУ Завод и музеј- Струмица секогаш е на страната на транспарентното информирање на јавноста. Го поддржуваме професионалното новинарство и од таа причина сме отворени кон сите медиуми што се обраќаат до нас со прашања кои се однесуваат за нашата работа,  проекти и програми. Вклучително и „Струмица денес“. Затоа во иднина, при известувањето за нашите активности,  очекуваме ние да бидеме давателите на информациите што се однесуваат за нашата установа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ