Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Скоропослушница“, која пред една година, на 12. 03. 2017 лето Господово беше донесена на дар во храмот на светите 15 Тивериополски маченици во Стурмица, од страна на монасите од светогорскиот манастир Дохијар, синоќа во споменатиот храм беше отслужено бдение со почеток од 20:30 часот.
Денеска празничната Архиерејска Литургија започна во 07:30 часот, по што следеше свечена литија со чудотворната икона, која започна во 10:00 часот од храмот и се движеше низ улицата „5-ти Ноември“, потоа преку улиците „Крушевска република“ и „Балканска“ до кружниот тек, и продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот се одржа молитвословие- доксологија, проследени со кратки поздравни слова, по што литијата по истиот пат беше вратена во храмот.