По повод 20 години од своето постоење, „Жанина“ – аптеката која добро им е позната скоро на сите струмичани синоќа на улицата „Мајка Тереза“ бр.3 во населбата „Карпош“ во Струмица отвори уште една своја аптека која ќе им служи на жителите од овој регион па и пошироко. На официјалното отварање на аптеката „Жанина 2“ присуствуваа многу гости, а само да напоменеме дека првата аптека на „Жанина“ се наоѓа во Градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица. Во продолжение погледнете ја целосната фотогалерија од официјалното отварање: