Овие денови актуелна е веста за карневалските трибини на плоштадот бидејќи сеуште стојат и не се тргнати од него. Редакцијата на Струмица Денес доби информации дека трибините се сеуште таму бидејќи како што добро знаеме требаше да се одржи „ПАНДЕВ КУП 2018“ а на нивна молба трибините беа предвидени да останат заедно со куќичките бидејќи сакале свеченото отварање да го направат на центарот, но поради ниските температури и снегот „ПАНДЕВ КУП 2018“ беше одложен. Овие денови трибините и куќичките ќе бидат тргнати.