ВЕЧНА ИМ СЛАВА: ПОМИНАА 6 ГОДИНИ ОД ХЕЛИХОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ СТРУМИЦА

Денешниот ден ќе остане засекогаш врежан како кобен во сеќавањата на семејствата на Драги Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички – четворицата пилоти кои го загубија животот во хелихоптерската несреќа која длабоко ги потресе струмичани.

Она што за нив можеше да се каже, е дека беа едни од најискусните пилоти на МВР. Во моментот на несреќата, пилотите со помош на ноќна визуелизација извршувале ноќен лет на релација Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно. Во текот на летот не пријавиле никаков проблем. Околу 22 часот хеликоптерот тип МИ17 удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија. Настанот бил забележан од локалното население и брзо биле повикани противпожарните служби и службите на Брзата помош. И покрај нивното брзо дејствување, ниту еден од пилотите не ја преживеа несреќата.

 

Според очевидци, четворицата пилоти ги жртвувале своите животи за да ја спасат Струмица од катастрофа, кога решиле да слетаат на ливадата на која единствено имале место да атерираат без да ги загрозат околните објекти (меѓудругото, неколку фабрики и бензинска станица).

Вечна им слава, никогаш да не бидат заборавени!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ