strumica denes logo

КОСТА ЈАНЕВСКИ ОБЈАВИ: ЗАСЕГА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СТРУМИЦА НЕМА НИТУ ЕДЕН ПОЗИТИВЕН НА ВИРУСОТ, ДВАТА СЛУЧАИ СЕ ОД ДРУГИ ДВЕ ОПШТИНИ!

Автор:

Датум:

април 5, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

април 5, 2020

Категории:

Здравје

Почитувани сограѓани,

Во ова неделно попладне кога сите сме во своите домови, сакам со вас да ја споделам информацијата дека на територијата на општина Струмица до сега нема ниту еден докажан позитивен пациент со корона вирус. Двата случаи регистрирани во статистиката на Министерството за здравство, се од други две општини во поширокиот регион. Едната пациентка е во домашно изолација и е во добра здравствена состојба, а другиот позитивен пациент се наоѓа во државен карантин во Маврово.

Почитувањето на мерките и препораките од надлежните институции е најсилното оружје во борбата со корона вирусот. Држете дистанца, избегнувајте блиски контакти, не се групирајте, останете дома и почитувајте ги и другите мерки.

Ви благодарам за дисциплината и одговорноста кои ги покажавте во овие вонредни околности. Ве охрабрувам и понатаму да се однесуваме уште подисциплинирано и поодговорно кон сите препораки. Со мерките коишто ги презема општина Струмица и Вашата поддршка, заедно ќе успееме полесно да го надминеме критичниот период којшто се очекува.