strumica denes logo

Филипче: Не е време да се мисли на отворање на границите, да се концентрираме што се случува внатре во државата!

Автор:

Датум:

јуни 5, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

јуни 5, 2020

Категории:

Здравје

Во моментов не е време да се размислува кога би можело да се отворат границите, туку да се концентрираме што се случува во државата, за да се подготват капацитетите и да знаеме како да се справиме понатаму, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот порача дека сите граѓани коишто за продолжениот викенд го напуштија Скопје треба одговорно да се придржуваат кон мерките за заштита.

„Ниту една земја во светот нема да успее да се справи со вирусот ако граѓаните не се придржуваат до мерките. Тоа се универзалните правила врз кои се темелат принципите за спречување на ширењето на вирусот“, рече Филипче.