strumica denes logo

БРОЈКАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА: ДВАЈЦА ДОКТОРИ И ДВЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС!

Автор:

Датум:

март 17, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

март 17, 2020

Категории:

Здравје
Blood sample with respiratory coronavirus positive
Blood sample with respiratory coronavirus positive

Министерството за здравство ја потврди информацијата дека има заболено здравствен персонал од коронавирус, која ја објави доктор Арбен Аголи на својот фејсбук профил.

– Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, соопштија од МЗ.

Деталите се очекуваат на прес-конференција да ги соопшти министерот Филипче.