strumica denes logo

ОД УТРЕ АКО НЕМАТЕ КОВИД-СЕРТИФИКАТ, НЕМА ВЛЕГУВАЊЕ И ВО КАЗИНО И ОБЛОЖУВАЛНИЦИ!

Автор:

Датум:

август 17, 2021

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

август 17, 2021

Категории:

Здравје

На денешната редовна 99-та седница, Владата ги донесе најновите мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од ковид-19, врз основа на препораките од Комисијата за заppазни бо лести.

Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители, како и за настан од секаков вид

(прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложува лници, каз ина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

сертификат, потврда за извршена имуни зација (вакцинација) од виppусот SA RS-CoV-2, односно примена најмалку прва до за вакцина против заppаз ната бо лест, или

сертификат, потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздрав увањето, за лица над 18 годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство, учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители, гости, лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката.

Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до

30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните ковид документи.