strumica denes logo

(ВИДЕО) Струмичанката Александра Јанева ја објави својата нова песна „Утрото ќе промени се”

Автор:

Датум:

јуни 1, 2023

Автор:

Датум:

јуни 1, 2023

Доволно храбра да наметне нови стандарди и доволно своја и автентична да влијае на прогресот и трансформацијата на поп кулутрата кај нас. Таа дефинитивно е една од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена. Нејзиното име е Александра Јанева и токму таа, на јавноста и го претстави своето ново музичко парче кое го носи насловот „Утрото ќе промени се”, а со својот глас и чиста емоција и овој пат никого не остави рамнодушен.

ОВАА ПЕСНА БЕШЕ ЗАТВОРЕНА ВО ФИОКА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, ГО ЧЕКАВМЕ ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ ЗА ДА ЈА ОБЈАВИМЕ И ЕВЕ КОНЕЧНО ДОЈДЕ. СЕКОЈ СТИХ ОД МОЈАТА МУЗИКА Е ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА. „УТРОТО ЌЕ ПРОМЕНИ СЕ” ЗБОРУВА ЗА ТОА ДЕКА ПОНЕКОГАШ Е ПОДОБРО ДА КАЖЕТЕ НЕ И ДА КАЖЕТЕ ДОСТА Е, ЗАТОА ШТО ТОА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ. МИ ТРЕБАШЕ МНОГУ ВРЕМЕ И ХРАБРОСТ ДА НАУЧАМ ДА КАЖАМ НЕ И ДА СЕ БОРАМ ЗА ОНА ШТО Е ДОБРО ЗА МЕНЕ. ЗАТОА ШТО КОГА ЌЕ ГО НАУЧИТЕ ТОА, ЌЕ ВИ БИДЕ МНОГУ ПОЛЕСНО ВО ЖИВОТОТ. БАРЕМ МЕНЕ МИ Е. – ВЕЛИ АЛЕКСАНДРА.

И за овој проект Александра работеше со одбрана екипа. Зад текстот се потпишуваат Драган Величковиќ – Тајзи и Лазар Цветкоски, музиката е на Александра и Лазе, а видео записот е дело на Горан Симјаноски. Во маестралноста и квалитетите на Александра Јанева досега се имаме уверено многупати. А сигурни сме и дека она што допрва ке го чуеме од неа ќе биде исто толку добро и емотивно како и се што досега има сработено! Во продолжение слушнете ја „Утрото ќе промени се”, песна за која сме сигурни дека ќе сакате да ја слушате одново и одново.