Засилен ветер и врнежи од дожд, еве за колку степени ќе паднат температурите од понеделник

октомври 17, 2018

Времето утре ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степена, а дневната од 23 до 28 степена, соопшти УХМР.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушта постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ