Временска прогноза за наредните денови – во среда и четврток промена!

мај 27, 2019

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува утре и во вторник. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преодно стабилизирање ќе има в среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Утринските температури ќе се движат од шест до 15 степени, а дневните од 16 до 31 степен.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: