Временска прогноза: Струмичани може да уживаат во убавото и топло време

октомври 4, 2018

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Струмица сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела и понеделник можна е појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: