ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ОД НЕДЕЛА ДОЖД И ВЕТЕР!

јуни 4, 2021

Уште денеска времето ќе биде сончево и топло, а веќе од недела од попладневните и вечерните часови се очекува промена на времето со пороен дожд и грмежи.

Од понеделник на повеќе места низ државата ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.

Променливо ќе биде речиси цела недела. Дневните температури ќе се движат од 22 до 30 степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ