(Временска прогноза) Денеска облачно со локален дожд – Во Струмица температури до 20 степени

октомври 1, 2018

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со локален дожд во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Струмица ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 20 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: