УХМР временска прогноза: До кога ќе имаме дожд?

јуни 1, 2019
Strumica

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската темература ќе се движи во интервалот од пет до 12 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 28 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места во државата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер. Веќе од вторник се очекува стабилизација на времето!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: