УХМР со најава за времето – од четврток очекувајте промена

октомври 15, 2018

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Минималната температура ќе се движи од два до 10, а максималната од 21 до 28 степени.

Во Струмица и околината времето ќе биде сончево со утринска температура од седум и дневна до 25 степени.

Во наредните денови продолжува период на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: