УХМР ОБЈАВИ: ВИКЕНДОТ ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА!

јануари 2, 2020

Засилен северен ветер и повремени врнежи од снег, најавува УХМР за викендот.

Земјава ќе биде зафатена од влажен бран ноќта во сабота поради што во недела, преку ден, ќе дојде до наоблачување.

Долж Повардарието ќе врне и дожд и снег, а слаб снег ќе провејува и во понеделник претпладне.

Во петок и сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Утре времето ќе биде сончево со мала облачност.

Минималните утрински температури ќе се спуштат до -10, а максималните ќе достигнат девет степени!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ