УХМР најавува: Какво време не очекува денеска во Струмица?

октомври 10, 2018

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет степени, а дневната температура од 17 до 26 степени.

Во Струмица ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура ќе достигне до 24 степени.

Од четврток повремено ќе има појава на мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ