strumica denes logo

Славчо Попоски: Заладувањето доаѓа, оваа ноќ повремени врнежи и услови за снег на високите планини

Автор:

Датум:

октомври 21, 2018

Автор:

Датум:

октомври 21, 2018

Под влијание на постуден воздух од север до крајот на денов како и во текот на претстојната ноќ температурите на воздухот позначително ќе опаднат а ќе има и повремени локални врнежи од дожд.

Поради заладувањето на високите планини особено на запад ќе има услови и за провејување на снег.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, меѓутоа навечер позначително ќе опаѓаат.

Од утре (понеделник) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени во најтоплите региони од државава, минималните температури околу средината на неделата на некои места ќе се спуштаат и под нулата.