Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно октомвриско време

октомври 11, 2018

И во текот на следните денови под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од југ времето во државава ќе биде сончево и натпросечно топло повремено со мала до умерена локална облачност, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Ув индексот ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 4 и 5.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ