Под влијание на моќниот циклон КРИСТИЈАН ќе останеме и следниот период што значи долготрајно стабилизирање нема на видик. Времето и понатаму ќе биде доста нестабилно со чести врнежи од дожд кој локално ќе бидат и поинтензиви па така во следните денови локално повторно се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).
Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер па така не се исклучува можноста на некои места процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме со услови за појава на град. Најтопло ќе биде денеска, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени додека особено за викендот ќе бележат тенденција на пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени кога на највисоките планини ќе има услови и за врнежи од снег.
Подготви: Славчо Попоски