Општина Струмица распиша конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Предлозите треба да се достават најдоцна до 30 ноември 2026 година во 12:00 часот, по пошта или лично во архивата на Општина Струмица. Пристигнатите решенија ќе ги оценува жири-комисија.
За најдоброто идејно решение е предвидена награда од 130.000 денари, за второпласираното 60.000 денари, а за третопласираното 40.000 денари.
Со конкурсот започнува постапката за избор на изгледот на плоштадот. Конкурсната документација е достапна на следниот линк: https://strumica.gov.mk/konkurs-za-izbor-na-idejno-arhitekton/




















