Полициски службеници од СВР Струмица на 24 септември, во 21:20 часот, ја лишиле од слобода В.Т. (46) од Струмица, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнала своите родители.
Таа била задржана во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




















