СЛАВЧО ПОПОСКИ: СНЕГОТ ДОАЃА КОН КРАЈОТ НА ДЕНОТ И ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ!

декември 17, 2018

Денешниот ден ни носи нови врнежи кој ќе бидат претежно од снег иако накратко на некои од пониските места има услови за врнежи од дожд и снег, врнежите ќе се интензивираат кон крајот на денот и во вечерните часови кога на повеќе места ќе се формира снежна покривка и тоа на пониските места од 5 до 10 сантиметри, на некои места можно е и повеќе додека на планините ќе се зголеми за над 20 сантиметри, на некои места и за повеќе.

Во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и снег додека максимумот на температурите денес ќе се искачува од 1 до 9 додека во вторник од -3 до 6 степени, во вторник ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ