СЛАВЧО ПОПОСКИ: Подгответе се за вистинска пролет, сонце и за температури до 20 °C

февруари 28, 2019

Претстојната ноќ како и утрешното утро поради разведрувањето ќе имаме релативно студено време па така температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, до утре наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени.

Сепак поради продор на значително потопла воздушна маса која е веќе најавена, во текот на утрешниот ден температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, најтопло ќе биде во петок кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 12 до 20 степени а времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена облачност и тоа особено во петок.

Во сабота пак ќе има повеќе облаци а има услови и за повремен слаб локален дожд и снег само на високите планини, температурите ќе се задржат релативно високи што значи релативно топлото време продолжува до крајот на неделава.

Според најновите анализи топлото време треба да се задржи и во текот на следната недела кога очекуваме дури и уште повисоки температури на воздухот.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: