СЛАВЧО ПОПОСКИ: НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ!

мај 19, 2020

Денес во државава ќе имаме умерено облачно и сеуште многу топло време.

Локално ќе има и позначителна облачност додека во попладневните часови и навечер ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, истиот особено Долж Повардарието ќе засилува, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во четврток сеуште ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на локални грмежи, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец а температурите значително ќе опаднат.

Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Во петок, иако атмосферата ќе биде постабилна, сепак ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: