СЛАВЧО ПОПОСКИ: Циклонот ВИКТОРИЈА со себе носи oлуен северен ветер, пад на температурите за 15 степени, дожд и снег како и снежна покривка!

март 9, 2019

Овојпат гледано на метеоролошки аспект ќе се задржиме само на наглата и голема промена која ќе се случи во текот на ноќта понеделник кон вторник како и во вторник, токму ова ќе биде под влијание на циклонот ВИКТОРИЈА кој ќе се формира над нашите краишта и тоа поради судирот на студениот воздух од север и топлиот од југ кој се наоѓа над нашите краишта.

Во текот на ноќта понеделник кон вторник под влијание на овој циклон на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд и снег на планините а има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи а ќе дува и ветер од западен и од југозападен правец кој во текот на ноќта понеделник кон вотнрик како и во вторник ќе го пормени правецот во северен и значително ќе засили, односно ќе биде со засилен до СИЛЕН, локално и со олуен интензитет и ова ќе услови пад на температурите дури за околу 15 степени во споредба со сегашните, поради заладувањето во вторник послаби врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина под 10000 метри што значи треба да го има и во некмои од населените места додека пак на повисоките и планинските места ќе се формира нова снежна покривка.

Максималните дневни температури во вторник ќе бидат зимски и ќе с еискачуваат во интервалот од -2 до 9 степени додека само на крајниот југоисток се очекува да се искачат малку над 10 степени додека на високите и планинските места истите и во текот на денот ќе бидат дури и до околу -10 степени.

НАПОМЕНА: Оваа нова и нагла како и голема промена на временската состојба секако лошо ќе влијае, особено кај метеопатите каде е можна појава на главоболка, болка во коските и на местата од старите рани, можна е секако и повремена нервоза како и несоница како и тежина во главата и во телото.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ