Perdormire
Временска прогноза

Продолжуваат натпросечните температури за овој период од годината

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб ветер од источен правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10, а максималните од 21 до 28 степени.

Во Струмица денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура од 23 степени целзисуови. Како што додаваат од УХМР, продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.