Perdormire
Временска прогноза

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА ЗА НАРЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА!

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус седум до нула степени. Максималната температура ќе се движи од седум до 18 степени.

Во следните три дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од минус три до четири степени. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21 степен.