ОД НЕДЕЛА ПОВТОРНО ДОЖД!

ноември 15, 2019

Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ