Непријатна топлина, сахарска прашина и песок доаѓаат кон Македонија!

октомври 13, 2019

Сахарска прашина и песок, како и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава, вели Славчо Попоски, според чии прогнози Македонија ќе биде под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад, која ќе ги покачи температурите во интервалот од 22 до 29 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец, вели Попоски.

Тоој предупредува и дека поради топлиот бран, ќе порасене и УВ индексот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ