Метеоролозите со информација – какво време не очекува денес?

октомври 2, 2018

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Струмица слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во петок, особено во јужните делови од земјава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ