Метеоролозите најавуваат обоен дожд со африканска прашина во Македонија

октомври 30, 2018

После сончевиот период, УХМР најавува промена на времето уште денеска попладне.

Поладне се очекуваат локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поради што ќе има транспорт на прашина од Африка и наместа појава на обоен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 17 до 24 степени.

Од среда следува период на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: