Какво време не очекува денеска?

ноември 1, 2018

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 18 до 27 степени.

Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ