bandr
Временска прогноза

Град, ветер и грмотевици – Подгответе се за пресврт со времето!

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервалот од 13 до 21, а највисоката дневна температура од 30 до 38 степени УВ индексот ќе достигне до 8.

Од утре до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.